Connect with us

Останати спортови

Магнус Карлсен прв светски првак во шах во слободен стил

Норвежанецот Магнус Карлсен триумфираше на премиерното Светско шаховско првенство во слободен стил кое изминатиот викенд се одржа на балтичкиот брег на Германија.

Во финалето во замокот Вајсенхаус, 35-годишниот Норвежанец го победи Американецот Фабијано Каруана со 2,5:1,5 по одиграните четири партии.

Во шахот во слободен стил, позициите на фигурите од вториот ред се одредуваат со жрепка пред воведниот потег, со што се елиминираат востановените стратегии за отворање и одбрана.

Карлсен за премиерната титула во шах во слободен стил доби парична награда од 100.000 долари.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1