Connect with us

Забава

Девојка од Хрватска објави оглас за венчаница, и стана хит

Девојка од Слатина стана вистински хит на социјалните мрежи откако објави оглас за продажба на својата венчаница со необичен и духовит опис. Огласот, споделен во Фејсбук групата „Сè за венчавки“, за кратко време привлече големо внимание и собра стотици реакции и коментари. Во објавата таа наведе дека венчаницата била „купена по грешка, носена по грешка“, објаснувајќи дека ја набавила во налет на емоции, а ја облекла бидејќи веќе било доцна за откажување.

– Преживеа свадба, танц, торта и животни одлуки. Фустанот е во совршена состојба, за разлика од мојата проценка во тој момент, напиша таа.

Катарина, како што се потпишала во коментарите, истакна дека венчаницата е идеална за невести со смисла за хумор и за оние кои сакаат „фустан со искуство“. Таа појасни дека ја продава бидејќи „ја научила лекцијата“, додавајќи дека фустанот се продава без „младоженец“, без драма и без гаранција за брак. Наведе и дека големината е С/М, а фотографиите од свадбата ги избришала.

Духовитата содржина на огласот предизвика лавина позитивни реакции. Дел од корисниците коментираа дека станува збор за „најдобриот оглас што го прочитале“, додека други ѝ посакаа среќа и ѝ честитаа за смислата за хумор.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3