Connect with us

Хроника

25-годишно момче загина, откако направил сообраќајка удирајќи куче скитник

Синоќа на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка, кај Старо Нагоричане се случила тешка сообраќајна незгода во која загинало едно лице од кривопаланечкото село Нерав на возраст од 25 години, возач на едно од возилата, учесници во незгодата.

Информацијата ја потврди Секторот за внатрешни работи Куманово, од каде информираат дека на синоќа околу 19 часот и 5 минути, во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна незгода.

-До несреќата дошло кога патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25- годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента. Тогаш дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од 27 -годишниот Ф.Ј. од село Длабочица, кривопаланечко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Младеновска потврди дека 25- годишниот возач од село Нерав , со иницијали С.Т. им подлегнал на повредите во Општа болница Куманово, кадешто лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2