Connect with us

Политика

Петрушевски: Зошто Филипче, Заев и СДС молчат за блискоста со Тони Котев сопственикот на фирмата на која и беа запленети 30 тони дрога?

Излезе на виделина поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана. Фирмата ЦБД Медплант ДОО од с.Борисово на Тони Котев, на која и беа запленети 30 тони дрога, добива одобрение од владата за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, рече денеска Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис.

Дека Филипче заедно со Заев цврсто се бореше за овој бизнис говори и фактот што силно се заложуваше марихуаната да се користи и за лична потреба.

Ај што поддржуваше легализација заедно со Заев, ај што даде 50 лиценци на лица блиски до него, Заев и СДС, туку и се залагаше за експорт на цветот од канабис.

Затоа ли во 2023 година, власта на СДС го промени Правилникот за одгледување на канабис? За да може да им врви бизнисот на Заев и Филипче? И дополнително, колкава сума требало да добие ова криминално дуо.

Затоа, потребно е ЈО да ја истражи поврзаноста на Заев и Филипче со дрогата.

Прашање: ОД СДСМ денеска имаа прес-конференција, обвинија дека Владата поддржува една фирма која што добила 74 тендери во вредност од 17 и пол милиони евра, како што велат тие. Тие обвинувања се во склоп на нивниот антикорупциски тим, како што велат тие. Каков е вашиот коментар во однос на овие прашања? Велат дека Владата поддржува одредени фирми, им дава огромен број на тендери, со огромна вредност, меѓутоа нема за минималната плата, за земјоделците и за другите ранливи групи.

Одговор: СДС  што ги брои овие тендери последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучок, дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ. Така што, ова е едно популистичко обвинување. Она кое што се однесува за пари за минимална плата, би било добро да одговорот, зошто додека беа власт изминатите 7 години, не ја зголемија платата минимална на работниците во обем како што тоа сега го бараат. А, да одговорат исто така од каде им пари со една функционерска плата да влезат во градежниот бизнис во Дубаи, и сите оние луксузирања кои што ги гледаме изминатиот период. Така што, вакви популистички прес-конференции на СДС не се ништо друго, само еден најобичен обид за замајување на јавноста.


Прашање: Во однос на модуларните болници, вие тврдите дека Филипче составил техничка спецификација без одобрен елаборат за електрична енергија и прашувате каде завршиле средствата од Светска банка, зошто не се почитувале безбедносните стандарди при изградба на овие модуларни болници. Дали вие имате одредени сознанија на таа тема, дали ќе поднесете до ЈО соодветни пријави?


Одговор: Што се однесува до техничката спецификација и она коешто било спроведувано во тој период, постојат јавни изјави од лица коишто се учесници во истата постапка. Она коешто го имаме како информација е дека за овој предмет има отворено и постапка во ЈО, и се надеваме дека ЈО ќе ја заврши својата работа, ќе ги открие сите недоследности, недостатоци и криминални дејанија и врз основа на фактите и доказите ќе донесе една правосилна судска пресуда којашто ќе ја задоволи правдата во Република Македонија.

Што се однесува до функционирањето на Филипче како министер за здравство и она коешто тие го наведуваат, најпрвин добро е за јавноста да одговори како во времето на корона кризата во Република Македонија која што во тој период најслабо се справуваше со кризата и во кој период имаше десетици илјади жртви од короната, тој наместо да ја врши функцијата министер за здравство и да се грижи за граѓаните, се грижеше за тоа како да обезбеди провизија преку Стабри за набавка на вакцини против корона.

Така што, Филипче кога поставува прашања најпрвин треба да се погледне во огледало и да види што тој има сработено како функционер, како министер, а дури потоа да поставува нелогички, нереални, невистинити и популистички прашања.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2