Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Трето злато во биатлон за Франција

Француската репрезентација ја продолжува доминацијата на натпреварите во биатлон на ЗОИ 2026 во Милано Кортина откако попладнево Квентин Фило Меле го освои златниот медал во дисциплината 10 километри спринт. Тој оствари време од 22:53.1 минута без промашување на стрелиштето.

На подиумот место изборија и двајца репрезентативци на Норвешка. Среброто му припадна на Ветле Сјастрад Кристиансен, кој имаше заостанување од 13.7 секунди, додека бронзен медал освои Струла Холм Лагреид со заостанување од 15.9 секунди зад победникот, а и двајцата немаа промашување.

За Франција ова беше четврти златен медал на овие Игри, а трет во биатлон, додека Фило Меле среброто по пред четири години во Пекинг го претвори во злато. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2