Останати спортови
ЗОИ2026: Германската мешана штафета во санкање го освои златото
Мешаната штафета на Германија во санкање ја оправда фаворитската улога и го освои вечерва во Кортина д’Ампецо златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.
Германија, која дојде до златото со време од 3:41.672, беше претставена поединечно од Јулија Таубиц и Макс Лангенхан, додека во двојките од Дајана Ајтбергер и Магдалена Мачина, односно од Тобијас Вендл и Тобијас Арлт.
Австријците го освоија сребрениот медал, заостанувајќи 0,542 секунди зад Германија, додека Италија беше трета, со заостанување од 0,849 секунди зад победниците.
Летонскиот тим го освои четвртото место, Американците петто, а Украинците шесто место.
февруари 13, 2026

