Connect with us

Култура

Се подготвува нова поставка во археолошкото одделение на Народниот музеј во Велес

Илјада и триста археолошки предмети ќе има новата поставка во археолошкото одделение на Нардниот музеј во Велес, која се планира да биде отворена во март. Тимот од установата  повеќе месеци  забрзано ја подготвува поставката на приземјето од музејот и деновиве почна да ги поставува предметите.

Археологот Анита Василкова-Мидоска, кустос советник во музејот, за МИА изјави дека со тоа ја почнуваат прославата на 80-годишниот јубилеј на Народниот музеј во Велес, кој, како што рече, бил  прв отворен музеј во земјата по Втората светска војна, првично регионален за целото Повардарие.

Таа појасни дека заедно со археолошките предмети во витрините ќе биде поставен и промотивен материјал со податоците.

– На изложбата ќе бидат презентирани артефакти од неолитот сè до доцниот среден век, односно од најстарите импулси на човековото битисување сè до периодот на доаѓањето на османлиската власт на овие простори. Територијално предметите припаѓаат на просторот на Повардарието, со особен акцент на регионот на Средното Повардарие, информира  Василкова-Мидоска.

Ќе  бидат претставени предмети изработени од најразновиден материјал (керамика, камен, метал и сл.), со различна утилитарна и ритуална намена. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2