Connect with us

Останати спортови

ЗОИ2026: Второ злато за ветеранската Лолобриџида во брзо лизгање

Италијанската ветеранка Франческа Лолобриџида го освои својот втор златен олимписки медал, триумфирајќи вечерва во трката на 5.000 метри, со време од 6:46,17 минути.

Второто место и сребрениот медал на големо изненадување го освои Холанѓанката Мерел Конин со резултат од 6:46,27 минути, заостанувајќи само 10 стотинки зад победничката.

Третото место ѝ припадна на фаворизираната Норвежанка Рагне Виклунд, која влезе во последниот круг со повеќе од две секунди водство, но на крајот заврши третопласирана, освојувајќи го својот втор медал на ЗОИ 2026, по среброто во трката на 3.000 метри.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2