Connect with us

Останати спортови

ЗОИ2026: Швеѓанката Карлсон го освои златото во крос кантри слободен стил на 10 км

Швеѓанката Фрида Карлсон го освои денеска златниот медал во трката на 10 километри крос-кантри слободен стил на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Карлсон дојде до златото со време од 22:49,2 минути.

Нејзината сонародничка Еба Андерсон го освои сребрениот медал, заостанувајќи 46,6 секунди зад Карлсон.

Бронзениот медал го освои Американката Џесика Дигинс со време од 23:38,9 минути.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1