Останати спортови
ЗОИ 2026: Норвешка и Италија со по 13 медали најуспешни по пет натпреварувачки дена
На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, досега најмногу медали имаат освоено Норвешка и Италија – по 13. САД се исто така двоцифрени со 12 медали.
Норвежаните имаат освоено седум златни медали, два сребрени и четири бронзени.
Италија има четири златни, два сребрени и седум бронзени.
Американците имаат четири златни, шест сребрени и два бронзени медала.
Четири злата имаат и Швјацарците плус едно сребро и два бронзени медала.
Со златни одличја се закитиле натпреварувачи од 11 држави, додека медал имаат освоено вкупно 21 земја.
Денес на Олимпијадата во Италија ќе бидат доделени шест комплети медали:
супервелеслалом (жени);
скијање слободен стил (мажи);
крос-кантри 10 км (жени);
сноуборд крос (мажи);
брзо лизгање 5.000 м (жени);
санкање (екипно);
сноуборд хафпајп (жени);
брзо лизгање 500 м (жени);
брзо лизгање 1000 м (мажи).
Олимпијадата 2026 ќе трае до 22 февруари.
февруари 12, 2026

