Connect with us

Општини

Протестен марш на граѓаните кои работеа во Ирак и Авганистан во Куманово

Повторно протестираа граѓаните кои работеа во американски компании во Ирак и Авганистан пред одделението на Управата за јавни приходи Куманово. Денеска официјално поднесоа документи за формирање граѓанско здружение под назив „Правда за сите“. Тие сметаат дека формирањето на здружението е чекор кон остварување на нивните права.

-Уште еднаш кажуваме дека здружението не е политичко и нема да се занимава со политика. Неговата цел е исклучиво правна и граѓанска борба, рече Жикица Миланов во име на присутните.

Денешниот протест беше организиран пред УЈП Куманово, според граѓаните, директно ги засега, а поради, како што наведуваат, отсуство на информации и комуникација од страна на УЈП. Протестот продолжи со марш до зградата на Општина Куманово, со цел локалната самоуправа да се вклучи како посредник и поддржувач во покренување на прашањата на централно ниво.

– Од УЈП не добиваме никакви информации за истрагата, за документацијата, ниту за документот кој, според нашите сознанија, е доставен од фирма од САД. Не знаеме што содржи тој документ, ниту какво влијание ќе има врз конечната одлука посочи Миланов.

Граѓаните реагираат и на, како што велат, континуираните одложувања на седница на Советот на Општина Куманово.

-Бевме на две средби со координаторите на советничките групи. Ни беше кажано дека ќе има седница многу брзо, дури и оваа недела, но тоа не се случи, вели Миланов.

Покрај протестите, граѓаните веќе започнале и со правни постапки. Дел од приватните тужби се веќе поднесени преку адвокати, согласно законските рокови. Истовремено, за случајот е информиран и Народниот правобранител.

Граѓаните најавуваат дека протестните активности ќе продолжат и во наредниот период, сè додека, како што велат, не добијат јасни информации и конкретни одговори од надлежните институции

Маркетинг
Ad 3
Ad 4