Connect with us

Регион

Продолжен мандатот за Петер Соренсен, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина

Советот на Европската Унија ги продолжи за две години мандатите на Петер Соренсен, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, и на Кајса Олонгрен, специјална претставничка за човекови права.

Мандатите ќе им бидат до 29 февруари 2028 година.

Соренсен, кој беше назначен на позицијата специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина во јануари 2025 година, ќе продолжи да ја извршува таа должност до крајот на својот нов мандат во 2028 година.

Исто така, беше продолжен и мандатот на Кајса Олонгрен, која беше назначена за специјален претставник на ЕУ за човекови права во јуни 2025 година.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4