Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Пелистер го совлада Работнички, по бод за АП Брера и Македонија ЃП

Фудбалерите на Пелистер го совладаа попладнево Работнички на домашен терен во Битола, додека АП Брера и Македонија ЃП ги поделија бодовите во Струмица, во двата завршни натпревари од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На дуелот во Струмица, АП Брера дојде во водство со голот на Петровиќ во 20 минута, но до крајот на полувремето Пецов (45+1) донесе израмнување за конечни 1-1.

Пелистер победнички го почна вториот дел од сезоната, совладувајќи го Работнички со 4-1, предводен од тројниот стрелец Булатовиќ (16, 34, 49) и Керим (90+4). Почесниот гол за Работнички го постигна Демири од пенал (36).

ПМФЛ-17 коло:

Шкупи – Тиквеш 0-6

Шкендија – Струга 2-0

Вардар – Арсими 5-1

Силекс – Башкими 0-0

АП Брера – Македонија ЃП 1-1

Пелистер – Работнички 4-1.

Табела; Вардар 45, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 32, Башкими 23, Арсими 22, Тиквеш 21, АП Брера 20, Пелистер 19, Македонија ЃП 16, Работнички 7, Шкупи 1.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4