Економија
Мицкоски: Очекувам оваа година инфлацијата да се стабилизира под 3%
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењата на инфлацијата, изјави:
„Па јас како што веќе во неколку наврати кажав дека оваа година очекувам да се стабилизираме под 3%, да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде, околу 3%, нешто можеби под или над 3%, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво. Но да видиме, претпоставувам во деновите коишто следат ќе имаме објавување на тие параметри. Така што водиме домаќински политики, водиме политики коишто се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме до сега, во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква каква што ја посакуваат сите граѓани.“
февруари 12, 2026

