Connect with us

Општини

Јубилеј – 15 години универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола

Универзитетското непрофитно радио УКЛО ФМ, чиј основач е Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола, денеска одбележува 15 години постоење.

Во овие 15 години, како соработници кои подготвуваат свои авторски радио емисии, минале над стотина студенти од едниците на УКЛО, но и средношколци и основци кои биле дел од УКЛО ФМ, истакна главниот и одговорен уредник на УКЛО ФМ-Битола, м-р Соња Тантарова Груеска. 

-Бројот на студенти, професори, значајни личности од земјава и странство, граѓани кои застанале пред микрофоните на УКЛО ФМ споделувајќи информации важни за академската и пошироката јавност е далеку поголем и тоа ја потврдува потребата од постоењето на овој медиум преку кој се зајакнува и третата мисија на универзитетот, односно неговата општествена ангажираност, рече Тантарова Груеска.

Според ректорот на УКЛО, Игор Неделковски,  универзитетското радио УКЛО ФМ претставува иновативна образовна и комуникациска платформа, која успешно се интегрира како медиум во академскиот процес.

-Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола, на еден неинванзивен начин, константно ги информира нашите студенти, професори, но и пошироката јавност за случувањата на универзитетот, за можностите што ги дава универзитетот, достигнувања на нашите студенти и вработени, фактички информира за се она што го претставува животот на универзитетот и затоа  како едно од ретките универзитетски радија во државата, ја има целосната поддршка од менаџментот на Универзитетот, посочи ректорот Неделковски, честитајќи ја годишнината од формирањето на УКЛО ФМ.

Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола eмитува сопствена информативна едукативно-забавна програма на фрекфенцијата 90,8  која преку серверите на УКЛО, 24 часа секој ден може да се слуша и он-лајн на http://uklofm.uklo.edu.mk. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1