Connect with us

Живот

Истражување: Сините светла поставени на железничките станици процентуално го намалуваат бројот на самоубиства во Јапонија

Со поставувањето сини ЛЕД-светла се намали бројот на обиди за самоубиства во Јапонија. По воведувањето на оваа мерка на клучните точки на метрото и железничките станици, бројот се намали на 84 отсто. 

Според компанијата „Ист Џапан рејлвеј“ (East Japan Railway), која управува со повеќе од 7.000 километри железничка мрежа и 1.700 станици, по воведувањето на мерката, имало драстичен пад на инцидентите за самоубиство токму на овие локации. Во период од десет години, со анализирање на повеќе од 70 станици во Токио и околината, научниците од токискиот универзитет забележале пад на самоубиствата од 74 до 84 отсто во зоните со сино светл, во споредба со станиците што имале стандардно бело осветление. Тоа значи дека на некои перони бројот на инциденти се намалил од неколку случаи годишно на нула.

Според екпертите, синото светло има големо и позитивно влијание врз човечкиот мозок. Влијае смирувачки, ги намалува пулсот и анксиозноста. Истражувањата покажуваат дека дури и краткотрајната изложеност на сино светло може да помогне во период на емоционална криза – да го намали стресот за 10 до 20 отсто, а со тоа да заштити еден човечки живот. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3