Connect with us

Свет

Индија одобри понуда за купување 114 борбени авиони „рафал“ од француската компанија „Дасолт авиејшн“ за 280,4 милијарди долари

Советот за одбранбени набавки на Индија одобри првична понуда за купување 114 борбени авиони „рафал“ од францускиот производител „Дасо авиејшн“ за 3,25 билиони рупии (280,4 милијарди долари), објавија локалните медиуми.

Делхи долго време се потпираше на увоз на оружје и опрема, но неодамна премиерот Нарендра Моди усвои политика за стимулирање на локалното производство.

За индиските воздухопловни сили ерата на локално производство почна во 80-тите, но тоа вроди со плод дури во последната деценија кога борбениот авион „теџас“ на индиската компанија ХАЛ (HAL -Hindustan Aeronautics Limited) влезе во борбена должност заменувајќи го советскиот „миг-21“.

Зголемените тензии со соседните земји наметнаа потреба од модернизација на армијата.

Предлогот за купување на француските борбени авиони „рафал“ го отвора патот за дискусии за комерцијалните и техничките детали од договорот меѓу двете земји по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Индија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4