Connect with us

Општини

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Боговиње – ќе ги посетува и другите општини

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас ја посети Општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата почна со средба на амбасадорот и градоначалникот Фети Абази и членовите на Општинскиот совет.

– Започнувам една тура на посети во општините ширум земјата, особено во тие општини коишто не се многу посетувани затоа што навистина е многу важно да се сретнам со сите претставници на општинската администрација, со цел да можам да слушнам од градоначалниците, од членовите на општинските совети, меѓутоа и локалното население во врска со предизвиците со коишто тие се соочуваат. Навистина сакаме да видиме, исто така, да слушнеме како фондовите на Европската Унија се трошат, меѓутоа исто така и да видиме најдобар начин како да се ангажираме до комуницираме заедно со граѓаните, изјави амбасадорот Михалис Рокас.

– Ние на состанокот се фокусиравме на три конкретни дела. Првиот дел беше проблемот околу водата за пиење во нашата општина. Вториот дел нашиот приоритет за туризмот во нашата општина и поддршката на фондовите од европска унија за приватните бизниси, изјави градоначалникот Фети Абази.

Дискусиите на оваа и другите средби ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и ќе го истакнат конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.

– Исто така да осигураме дека реформите ќе можат да бидат спроведени се со цел Република Северна Македонија да стане земја членка на семејството на Европската Унија. Има очигледна причина дека процесот на проширување веќе некое подолго време повторно се врати на врвот на агендата на Европската Унија. Токму поради таа причина придонесот којшто граѓаните, општинскиот совет и градоначалникот на Општина на Боговиње и нивните гледишта навистина се многу важни за Европската Унија на нашиот пат, макотрпната работа којашто ние ја правиме како ЕУ се со цел да ја постигнеме крајната цел, а тоа е членство на Република Северна Македонија во Европската унија, посочи Михалис Рокас.

По средбите во зградата на Општината, амбасадорот Рокас разговараше и со претставници на граѓанското општество во оваа општина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2