Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Прво злато за Австрија, остварено во тимската алпска комбинација

Тимската алпска комбинација во состав Ариане Радлер и Катарина Хубер на Австрија и го донесоа првиот златен медали на овие Игри. Тие двете имаа најдобар резултат по спустот и слаломот и со време 2:21.66 минути се пласираа на првото место. Радлер се натпреваруваше во спуст, а Хубер во слалом.

Среброто го освои германскиот тим во состав Кира Видле-Вилкенман (спуст) и Ема Ајшер (слалом) имаа само пет стотинки послабо време од победничките. Бронзата ја освоија Американките Џеклин Вајлс и Паула Моцан, кои имаа 25 стотинки послабо време од победничките.

Фаворитките Американките Бризи Џонсон (олимписка шампионка од Милано Кортина) и најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин го освоија четвртото место, поради 15.тиот пласман на Шифрин во слаломската трка.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4