Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Норвежанецот Бот олимписки шампион во биатлон

Јохан-Олав Бот од Норвешка е олимписки шампион откако триумфираше попладнево на биатлонската трка на 20 километри. Тој оствари најдобар резултат и немаше ниту едно промашување на стрелиштето. Бот постигна време од 51:31.5 минута.

Второто место му припадна на Французинот Ерик Перо, кој заостана 14.8 секунди зад победникот со едно промашување на стрелиштето, додека бронзата ја освои Струла Холм Лагред од Норвешка, кој имаше заостанување од 48.3 секунди со едно промашување на стрелиштето.

За Норвешка ова беше шести златен медал и со вкупно 11 освоени медали (сребро и четири бронзи) се први на листата држави со освоени медали, досега 19 држави имаат освоено медал од 24 завршени дисциплини.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2