Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од Тему, за истите цени кога беа СДС на власт им викаа на граѓаните дека се ниски
Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше на власт, пишува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ која МИА ја пренесува интегрално.
Цените за кои Филипче вели дека ги нема никаде во Европа се истите кога беше СДС на власт и за кои неговиот сопартиец Бочварски велеше дека се ниски.
За потсетување, Бочварски крајно лицемерно и елитистички им викаше на граѓаните ако им се скапи патарините, нека возат по локални патишта.
Социјалдемократот од Тему, Филипче, имаше 7 години да побара намалување на цените на патарините или во најмала рака ако бил загрижен да му се спротивстави на неговиот сопартиец Бочварски, но не го стори тоа.
Или можеби Филипче бегајќи панично кон Грција сега првпат плати патарини во животот?
Она што Филипче треба да го каже – каде одеа парите од патарини во нивно време и во чии џебови завршуваа народните пари?
февруари 11, 2026

