Connect with us

Кошарка

Сан Антонио ги декласира Лејкерси, Вембањама постигна 40 поени и 12 скока

Сан Антонио ги победи Лос Анџелес лејкерси утрово на гостински терен во натпревар од НБА-лигата со 136:108. 

Виктор Вембањама, центарот на гостинскиот тим, го предводеше својот тим до триумфот со дабл-дабл постигнување од 40 поени и 12 скока.

Во домашниот тим не настапија Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс и Маркус Смарт.

Резултати на другите три НБА-натпревари играни ноќта вторник кон среда:
Њујорк – Индијана 134:137 (по продолжение)
Хјустон – ЛА Клиперс 95:120
Феникс – Далас 120:111. 

Оклахома води во Западната конференција со биланс 41-13 (победи-порази), Детроит е прв на Исток со 39-13. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2