Connect with us

Култура

Проекција на документарниот филм „Тата“ на „Зимски Македокс“

Во рамките на програмскиот сегмент „Зимски Македокс“, денеска, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе биде прикажан документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу, проследено со дискусија со режисерите и со експерти на темата. 

Од „МакеДокс“ го опишуваат „Тата“ како приказна за траумата и наследството на насилството, но и за храброста да се прекине молкот и да се отвори пат кон исцелување.

– По години отуѓеност, Лина, молдавска новинарка, добива видеопорака од својот татко, мигрантски работник во Италија. На видеото се гледаат модринки на неговите раце. Со скриена камера таа тргнува по правда, но и по многу подлабока, лична вистина. „Тата“ е интимен и суров документарен портрет на семејство заробено во генерациски образец на насилство, токсична машкост и тишина. Снимен во Италија, Молдавија и Романија, филмот ја следи ќерката која се обидува да го прекине циклусот – за себе, за следната генерација, па дури и за оној што ја повредил – стои во соопштението од „Македокс“.

Режијата, сценариото и камерата во филмот се на Лина Вдови и Раду Чорнициу, на монтажата работеле Ана Фабини, Андреј Горган, Ципријан Цимпои, Делија Онига, звукот е на Хуго Дијкстал, а музиката на Јерг Фолерт. Филмот е реализиран во продукција на „Манифест филм“ во копродукција со „Корсо филм“

Маркетинг
Ad 2
Ad 1