Connect with us

Сервисни информации

Пренасочување на сообраќајот кај клучката Хиподром поради сообраќајка

На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Од МВР соопштија дека во тешката сообраќајна незгода што се случила доцна синоќа се судриле автомобил и камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром. Во незготата тешко е повредено едно 25-годишно лице.

– На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од  Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100м. Стража до 80м. и Крушево до 30 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П Јасен ќе биде во целосен прекин во следниве термини:

– Македонски Брод – Скопје од 10:30ч до 11ч. 

– Скопје – Македонски Брод од 12:00ч до 12:45ч.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1