Општини
Почна да се гради спортска сала во Челопек, Општина Брвеница – средствата се обезбедени од „унгарскиот кредит“
Општина Брвеница информира дека од денес почнаа градежни работи за изградба на спортска сала во населеното место Челопек. Првата спортска сала во Челопек се гради до основното училиште „7 Март“, а еден од проектите за кој Општина Брвеница користи средства од такнаречениот „унгарски кредит“.
-Денешниот почеток на градежните работи за изградба на спортската сала во село Челопек со вредност од 54.295.110,00 денари претставува значаен момент за општината и за жителите на ова населено место. Со овој проект исполнуваме еден децениски сон и одговараме на реалните потреби на младите и спортските ентузијасти, соопшти градоначалникот Јовица Илиевски.

Според него, објектот ќе биде наменет за повеќе спортови со сета потребна инфраструктура. Предвидено е да има и трибини со околу 300 столчиња.
– Општина Брвеница останува цврсто посветена на инвестирање во инфраструктура што создава долгорочни вредности, ги поврзува заедниците и обезбедува подобри услови за живот. Оваа спортска сала нема да биде само објект, туку простор за развој, дружење и заедништво, вели градоначалникот.
Според информациите на градоначалникот добиени од изведувачот, спортската сала треба да биде готово за период од шест до осум месеци
февруари 11, 2026

