Connect with us

Вести

Ништо страшно, немирната Шара се извишува, вели професорот Милевски по серијата земјотреси во регионот

Д-р Ивица Милевски, редовниот професор на Институтот за географија, смирува дека нема простор за загриженост поради неодамнешните сеизмички случувања во регионот, посочувајќи дека тие се дел од природни и долготрајни геолошки процеси.

  • Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку:). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме.
  • Пред спиење, само можам да кажам, врз основа на она што го знам и сум го работел за тектониката на Шар Планина и поширокиот регион (сепак сум геоморфолог, не сеизмолог), дека навистина нема причини за страв или паника, ниту на подрачје Тетово-Гостивар, а уште помалку кон Скопје и други делови од Македонија подалеку од Шарскиот предел. Дури и да здрма пак, шансите за нешто опасно и ризично од овој земјотрес (или евентуални последователни) се речиси никакви (поголеми шанси се од паника и страв да си се повредиме), додава професорот.
Маркетинг
Ad 1
Ad 3