Connect with us

Кошарка

НБА започна истрага за отсуството на играчи на Оклахома на натпреварот со Сан Антонио

НБА-лигата почна истрага за  Оклахома Сити откако тимот објави дека 10 играчи отсуствуваат поради повреди на натпреварот против Сан Антонио, кој се емитуваше на национална телевизија, објави Ден Војке, новинар на „Атлетик“.

Натпреварот Оклахома Сити – Сан Антонио спарс на 5 февруари беше емитуван на „ESPN“. 

Почнувајќи од 2023 година, правилата на НБА бараат од тимовите да обезбедат учество на „ѕвездени“ играчи во натпреварите и турнирите во текот на сезоната, кои се емитуваат на национална ТВ. Лигата ги дефинира како „ѕвезди“ кошаркарите кои се избрани да играат на „Ол-стар“, или биле во тимот на „сите ѕвезди“ во последните три сезони.

Шај Гилџус-Александар и Џејлен Вилијамс, кои се вклопуваат во оваа дефиниција, беа меѓу оние кои го пропуштија натпреварот, како и Чет Холмгрен, кој беше избран за натпреварот на сите ѕвезди за прв пат оваа сезона. 

Тандер за натпреварот имаа на располагање само осум кошаркаи и го загубија натпреварот со 116:106. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4