Connect with us

Фудбал

Де Зерби го напушти тренерското место во Марсеј

Францускиот фудбалски клуб Марсеј објави дека ја прекинува соработката со главниот тренер Роберто Де Зерби по меѓусебен договор.

По разговорите меѓу сопственикот, претседателот, спортскиот директор и тренерот, беше одлучено да се смени главниот тренер. Ова беше тешка, колективна одлука, донесена по внимателно разгледување и во најдобар интерес на клубот, со цел да се справат со спортските предизвици во последниот период од сезоната, објави Марсеј на својата официјална веб-страница.

– Клубот изразува благодарност до Роберто Де Зерби за неговата работа, посветеност, професионализам и сериозност, кои беа особено очигледни во сезоната 2024/25, кога тимот заврши втор во Лига 1. Клубот му посакува се најдобро во неговата идна кариера, се вели во соопштението за медиумите.

Четириесет и шестгодишниот Италијанец беше предводник на Марсеј од 2024 година. Под негово водство, тимот победи на 39 од 69 натпревари и одигра осум пати нерешено.

Минатиот викенд, Марсеј претрпе тежок пораз од ПСЖ (0-5) во 21-то коло од Лига 1. Тимот е на четвртото место на табелата со 39 бода. 

Марсеј исто така не успеаја да се пласира во плејофот за Лигата на шампионите.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4