Connect with us

Останати спортови

Швајцарскиот втор тим до злато во тимската комбинација

Швајцарскиот втор тим стигна до златниот медал во тимската комбинација. Тандемот Фрањо фон Алмен и Танги Неф беа најбрзи со постигнато време 2:44.04 минути, фон Алмен се натпреваруваше на патеката за спуст, додека Неф во слалом, каде што имаше и најдобро време.

Сребрениот медал го поделија тимовите на Австрија 1 и Швајцарија 1, кои имаа исто време 2:45.03 минути или 99 стотинки послабо од победниците. За тимот на Австрија се натпреваруваа Винсент Крајхмар (спуст) и Мануел Фелер (слалом), додека за Швајцарија 1 претставници беа: Марко Одермат (спуст) и Лоик Милард (слалом).

Во тимската комбинација настапија 21 пар, а само еден италијански остана без пласман. Ова за Швајцарија се два нови медали (злато и сребро) и сега имаат три златни медали и едно сребро. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3