Connect with us

Тенис

Серена Вилијамс се враќа во професионалниот тенис

Гренд слем шампионка Американката Серена Вилијамс, која има 23 титули на големите турнири, ги прави чекорите за враќање на професионалниот тенис. Една од најдобрите тенисерки на сите времиња го мина шестмесечниот период во антидопинг системот, што е еден од главните услови за враќање на спортот по пензионирањето.

Серена Вилијамс последните настапи ги имаше во 2022 година. Таа нема да го има притисокот за настапи на турнирите, а можно нејзино појавување веќе во следниот месец (март) на турнирот во Индијан Велс, но како реални опции за негово појавување се турнирите во Мајами, Мадрид, Рим, Ролан Гарос и Вимблдон.

Американката има 44 години и нејзиното појавување на терените се очекува да привлече големо медиумско внимание, независно на кој турнир би се појавила. Нејзината сестра Венус Вилијамс (45 години) имаше настап и на последниот Гренд слем турнир Австралија опен. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1