Connect with us

Регион

Рама не се откажува од Балуку, по средбата со парламентарната група најави измени во законодавството

Албанскиот премиер Еди Рама, откако вчера, во првата реакција по одлуката на Уставниот суд, во врска со суспензијата на вицепремиерката Белинда Балуку, оваа ситуација ја оцени како „невиден преседан во демократска земја“, додавајќи дека „продолжува битката“, по денешната средба со парламентарната група на неговата, Социјалистичка партија, најави измени во законодавството.

Преку објава на Икс информираше за три заклучоци од состанокот по, како што стои „неодлучноста на Уставниот суд и повторното воведување на суспензијата на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку“, против која е поднесено обвинение за поврзаност со тендерските постапки за тунелот Логара, дел од проектот за Големата обиколница во Тирана и други капитални објекти.

Прво, според Рама, „неделегираните уставни функции, од онаа на член на владата до онаа на претседателот на Републиката и пошироко, не можат да бидат суспендирани од никого врз основа на конкретно име, бидејќи суспензијата ја парализира функцијата, односно институцијата што тој/таа ја раководи“.

Второ, истакнува тој, „почнувајќи од читањето на јавната изјава на Уставниот суд, каде што сите членови се едногласни во врска со проблемот, но се поделени околу решението, социјалистичката парламентарна група ќе биде посветена на решението преку интервенција во законодавството“.

„Единствената страна задоволна од повторното воведување на суспензијата е СПАК, кој под условите на суспензијата може мирно да ја продолжи релевантната истрага, сè додека не се разгледа правното решение. Нема итност да се одговори на барањето што СПАК го поднесе откако беше укината мерката за суспензија“, напиша Рама.

Додаде дека Специјалното обвинителство против корупција  организиран криминал (СПАК) не е засегнато, само е поддржано.

„Слободата и правото на секој обвинител да истражува сè и секого не се засегнати, само се гарантирани. Уставната независност на законодавната и извршната власт исто така не е засегната. Само се гарантирани“, посочува тој.

Рама поладнево ќе отпатува за Брисел каде што се очекува да се сретне со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста

Маркетинг
Ad 2
Ad 2