Хроника
Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб
Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во село Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите „Башкими“ и „Куманово“, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб „Башкими“.
По целосното документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
февруари 10, 2026

