Connect with us

Сервисни информации

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек

Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина.

За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период,  што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација во регионот.

Инаку, температурата на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 6,5 степени Целзиусови што е идентитчно на просекот за овој период од годината.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4