Connect with us

Свет

Максвел одби да одговара на прашања на Надзорниот одбор на американскиот Претставнички дом

Гилејн Максвел, соработничката на осудениот сексуален предатор, починатиот Џефри Епстин, одби да одговара на прашањата на Надзорниот одбор на американскиот Претставнички дом.

Таа се повика на Петтиот амандман на американскиот Устав, одбегнувајќи да одговара на прашања што би можеле да ја компромитираат. Петтиот амандман пружа заштита на поединци во судски постапки, дури и за тешки кривични дела, заштита од двократно судење и право на заштита од самообвинување т.е. „право на молчење“.

Максвел требаше да биде испитувана преку видео-повик од сојузниот затвор во Тексас, каде издржува 20-годишна казна поради трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Претставничкиот дом се обидува да истражи како Епстин можел со години да злоупотребува малолетни девојки и да ги идентификува сите лица кои биле поврзани со него и можеби му помагале во сексуалната злоупотреба.

Републиканскиот претседател на Надзорниот одбор, Џејмс Комер побара да бидат сослушани и поранешниот американски претседател Бил Клитон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, чии имиња повеќе пати се појавуваат во објавените документи. Тие ќе бидат сослушани на крајот од месецот.

Максвел тврди дека е неправедно осудена и бара да биде поништена пресудата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4