Забава
„Лабубу“ манијата го освојува светот – секоја секунда се продаваат три кукли
Кинеската компанија „Поп март“ денес објави дека продажбата на нејзината најпозната кукла – „Лабубу“ надминала 100 милиони единици ширум светот во 2025 година, зацврстувајќи го нејзиниот статус како глобален културен феномен.
Според податоците објавени од основачот на компанијата „Ванг нинг“, побарувачката достигнала размер со просек од три „Лабубу“ играчки продадени секоја секунда. Играчка обично чини меѓу 12 и 130 евра, во зависност од серијата, реткоста, големината и дали е дел од ограничено издание или кутија на слепо стакло. Вкупната продажба на сите брендови во рамките на групацијата „Поп март“ надминала 400 милиони примероци, потврдувајќи ја доминацијата на креативниот сектор во Кина, се вели во соопштението. „Поп март“ сега работи во повеќе од 100 земји и области, има над 700 продавници, шест големи производствени и логистички бази и повеќе од 10.000 вработени, додека бројот на регистрирани корисници во апликацијата надминува 100 милиони.
Кинеските компании, се вели, веќе не се само центри за евтино производство, туку создаваат и оригинални идеи и диктираат трендови од Берлин до Шангај, објавува „Глобал тајмс“.
Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија, бидејќи, како што велат, нагласката се префрла од традиционалната етикета „Произведено во Кина“ кон современата „Создадено во Кина“. Дополнително, на пр., „Хир груп лимитед“, со седиште во Пекинг, соопшти дека нивниот бренд за кукли „Вакуку“ генерирал 89,73 милиони јуани (околу 10,5 милиони евра) приходи во последното тримесечје, а одлична продажба е регистрирана и кај брендовите „Зијули“ и „Синоно“.
Кинескиот трговец на мало „Минисо“ планира да ја прошири својата мрежа на 10.000 продавници низ целиот свет во следните три години, со цел да им помогне на 100 кинески брендови да влезат на странските пазари. Според Шинхуа, извозот на кинески кукли и тематски играчки, општо гледано, во првите три тримесечја од 2025 година надминал 500 милијарди јуани (над 60,78 милијарди евра).
февруари 9, 2026

