Фудбал
Мароканската фудбалска федерација нема намера да го отпушти Реграги
Мароканската фудбалска федерација издаде соопштение во врска со информациите дека селекторот на репрезентацијата, Валид Реграги, поднел оставка.
– Нашата организација не добила никакво писмо за оставка од селекторот на репрезентацијата, Валид Реграги. Објавените информации се погрешни и целосно неосновани, се наведува во соопштението за медиумите.
Во јануари, мароканската репрезентација загуби од Сенегал во финалето на Африканскиот куп (0:1).
Педесетгодишниот Мароканец ја предводи репрезентацијата од август 2022 година. Во 49 натпревари, тимот има 36 победи, осум нерешени и пет порази.
февруари 8, 2026

