Регион
Воено лице од грчката армија уапсено за оддавање доверливи воени информации
За собирање и пренесување доверливи информации од воено значење на трети лица, со што постоел ризик од нанесување штета на националните интереси, утрово било уапсено е воено лице во грчката армија, соопштија од Генералштабот на Националната одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
– Апсењето е извршено во воен објект, во соработка и координација со други државни служби (во присуство на овластен обвинител), поради јасни индиции за извршување кривични дела согласно Воениот кривичен законик, односно собирање и пренесување доверливи информации од воено значење на трети лица, со опасност од нанесување штета на националните интереси, пишува во соопштението од Генералштабот на Националната одбрана на Грција.
Според грчките медиуми, станува збор за лице што имало клучна позиција во военото воздухопловство, а во истрагата била вклучена и Националната служба за разузнавање.
февруари 6, 2026

