Connect with us

Регион

Во 2025 година ЕБОР инвестирала повеќе од 800 милиони евра во Србија

Европската инвестициска банка (ЕБОР) соопшти дека инвестирала повеќе од 800 милиони евра во разни проекти во Србија во 2025 година, во рекордни 42 проекта при што 84 отсто од вкупните инвестиции биле насочени кон приватниот сектор, со посебен фокус на зајакнување на отпорноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП).

Во текот на 2025 година, ЕБОР одбележа значаен јубилеј во Србија, досега (од 2001 година) кумулативните инвестиции во таа држава го надминаа износот од 10 милијарди евра.Како што е наведено, во текот на 2025 година, речиси половина од вкупните инвестиции на ЕБОР во Србија беа пласирани преку мрежа на партнерски финансиски институции, локални банки и компании за лизинг, првенствено во корист на малите и средни претпријатија.

Тие средства се достапни преку широк спектар на целни финансиски производи, насочени кон поттикнување на инвестициите во зелената и дигиталната транзиција, подобрување на пристапот до финансирање за бизниси предводени од млади и жени и зајакнување на трговските активности.

Регионалниот директор на ЕБОР за Западен Балкан, Матео Коланџели, изјави дека во 2025 година е одржано многу високо ниво на инвестиции, со уште поголем процент насочен кон приватниот сектор, особено МСП.

„Со повеќе од 800 милиони евра инвестирани во текот на 2025 година, вкупниот износ што ЕБОР го инвестираше во Србија досега надмина 10 милијарди евра, што сведочи за силата и квалитетот на нашите партнерства во земјата. Со континуираното зајакнување на нашиот регионален центар во Белград, ние остануваме посветени на понатамошно проширување на нашите активности со цел да ја зајакнеме отпорноста и конкурентноста на српската економија“, рече Коланџели. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1