Свет
Франција и Канада отвораат конзулати во главниот град на Гренланд
Канада и Франција денеска ќе отворат конзулати во главниот град на Гренланд, Нук, во знак на силна поддршка за локалната самоуправа, а по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат оваа данска автономна територија.
Делегација од високи канадски претставници, вклучувајќи ги и генералната гувернерка Мери Симон и министерката за надворешни работи Анита Ананд, ќе пристигне во Нук за официјално да го отвори конзулатот во придружба на брод на канадската крајбрежна стража, пренесува Би-би-си.
Пред патувањето Симон рече дека Канада „цврсто стои покрај народот на Гренланд, кој сам ќе си ја одреди својата иднина“.
февруари 6, 2026

