Connect with us

Фудбал

Салах се подготвува за заминување од Ливерпул

Мохамед Салах неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и Премеир лигата, но најверојатно ја игра последната сезона во дресот на „црвените“. Тој кон крајот на ланската година јавно искажа незадоволство од менаџерот на Арне Слот, а потоа неколку натпревари беше и на клупата. По враќањето од АФКОН, се врати во првиот тим со добри игри.

Ситуацијата се меѓу Ливерпул и Салах се смири, но тој најверојатно во летниот преоден рок ќе замине од Енфилд и кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа. Клубовите од Саудиска Арабија покажуваат интерес за негов ангажман и подготвени се да направат се за да го видат во своите редови. Ова пред сè се однесува на Ал Итихад, клуб кој дури и ја зголемил понудата по неочекуваното заминување од клубот на Карим Бензема и на Н’Голо Канте.

Салах на крајот од сезоната ќе биде во последната година од договорот со Ливерпул, па негова продажба би значела и добивање на пари за трансфер во Саудиска Арабија.

Инаку, купувањето на Салах во летото 2017 година за 42 милиони евра се покажа како еден од најдобрите трансфери некогаш реализирани.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1