Вести
Реализацијата на инфраструктурните проекти во фокусот на средбата Николоски-Памер
Економската и трговска соработка и инвестициите, со посебен акцент на реализацијата на инфраструктурните проекти, биле во фокусот на средбата меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата се размениле информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание врз регионалниот развој на државите долж Коридор 10, при што вицепремиерот Николоски ја истакнал заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори.
-Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и со амбасадорот се согласивме истата да продолжи во сите области од заемен интерес за двете држави. Имаме зачителен број на инвеститори од Австрија, имаме стабилна деловна клима и очекуваме трговската соработка дополнително да се зголемува. Австрија е наш долгогодишен партнер и пријател и имаме цврста поддршка во реформските процеси, истакна Николоски по средбата.
Од Министерството додаваат дека двајцата говорници се согласиле на заедничките напори и меѓусебна поддршка како основа за подобрување на севкупните односи меѓу двете земји и подигнување на регионалната соработка.
февруари 4, 2026

