Connect with us

Свет

Пожар во луксузен хотел на француските Алпи

Десетици луѓе синоќа се евакуирани кога избувна пожар од луксузен хотел во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.

Локалните власти соопштија дека во пожарот нема повредени лица.

Пожарот синоќа избувна на таванот на „Хотел де грандес Алпи“, а повеќе од 90 луѓе беа евакуирани и се сместени во другите хотели. Утрово се евакуирани речиси 200 гости од блискиот хотел „Ле Лана“.

Огнот во „Хотел де грандес Алпи“ го гаснат 131 пожарникар.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3