Connect with us

Сцена

Филип Глас ја откажа премиерата на новата симфонија во Кенеди центарот поради новото раководство

Американскиот композитор Филип Глас ја откажа светската премиера на својата Симфонија бр. 15 „Линколн“, која беше закажана во Кенеди центарот во Вашингтон, наведувајќи дека одлуката е поврзана со промените во раководството на институцијата по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

-По внимателно размислување, решив да ја откажам премиерата на Симфонијата број 15 ‘Линколн’ во Кенеди центарот, изјави  88-годишниот композитор за британскиот весник Гардијан.

Делото, посветено на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, кој го укина ропството во САД, требаше да биде изведено на 12 и 13 јуни. Според Глас, актуелните вредности и насока на Кенеди центарот се „во директна спротивност со пораката на симфонијата“.

Контроверзиите околу институцијата започнаа на почетокот на 2025 година, кога претседателот Трамп воспостави нов управен одбор правејќи  промени во името и мисијата на центарот. Во декември, концертната сала беше преименувана во Трамп-Кенеди центар, што предизвика реакции и откажувања од бројни уметници. Критичарите оценуваат дека ваквите потези ја политизираат културата и уметноста, особено преку нападите на администрацијата врз т.н. „воук“ култура, термин што се користи за опишување зголемена општествена свест за прашања поврзани со расизмот, родовата нееднаквост и социјалната правда

Маркетинг
Ad 2
Ad 2