Connect with us

Свет

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија

Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата на Фондацијата „Џозеф Роунтри“ (ЏРФ) (Joseph Rowntree Foundation) покажуваат дека речиси 6,8 милиони Британци живеат во длабока сиромаштија, што е највисока бројка во изминатите три децении.

Длабока сиромаштија се однесува на домаќинство во кое живее двојка со две мали деца и кои, по трошоците за домување, имаат помалку од 16.400 фунти (18.880 евра) годишно, што е 40 проценти од медијалната годишна плата во Велика Британија.

Вкупната стапка на сиромаштија во Велика Британија се намали од 24 проценти во 1994/95 година на 21 отсто во 2023/24 година, но стапката на длабока сиромаштија се зголемила од осум на 10 проценти во истиот период.

Резултатите покажуваат дека во пораст е детската сиромаштија, чија бројка трета година по ред бележи раст и изнесува речиси 4,5 милиони деца.

Поради ограничувањето наметнато од страна на конзервативната влада во 2017 година, семејствата со три или повеќе деца добиваа ист износ на детски додаток како и семејствата со две деца. Ова ограничување беше укинато на крајот од минатата година, што ќе обезбеди дополнителни 3,1 милијарди фунти за семејствата со ниски приходи.

ЏРФ ја поздравува одлуката, но нагласува дека тоа не може да биде единствениот чекор во борбата против детската сиромаштија. Во извештајот се наведува дека децата и лицата со попреченост се непропорционално погодени од сиромаштијата, а одредени малцински групи, како што се заедниците на Бангладеш и Пакистан во Велика Британија, имаат особено високи стапки на сиромаштија.

Џон Берд, основач на добротворната организација за борба против сиромаштијата „Биг ишју“ (Big Issue), резултатите од истражувањето на Фондацијата „Џозеф Роунтри“ ги оцени како „лоши вести за општеството“.

Инфлацијата во Велика Британија во декември се искачи на 3,4 проценти, но се очекува набргу нагло да забави. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3