Connect with us

Свет

Најмалку 11 убиени и 12 ранети во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

Вооружени лица вчера отворија оган на фудбалско игралиште во централно Мексико убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи 12, соопштија локалните власти.

Нападот се случил во градот Саламанка, на крајот од фудбалскиот натпревар, изјави градоначалникот Сезар Прието, пишуваат американските медиуми.

Десет лица загинаа на лице место, а едно подоцна им подлегна на повредите во болница. Градоначалникот потврди дека меѓу ранетите има една жена и едно малолетно лице.

Прието ја повика претседателката Клаудија Шајнбаум да помогне во спречувањето на насилството.

„За жал, постојат криминални групи кои се обидуваат да ги потчинат властите, нешто што нема да го постигнат“, рече градоначалникот.

Канцеларијата на државниот обвинител на Гуанахуато соопшти дека истражува и работи со федералните власти за зајакнување на безбедноста во областа.

Државата Гуанахуато минатата година регистрираше најголем број убиства во Мексико. Во таа област, локалната банда Санта Роса де Лима се бори против моќниот картел „Нова генерација на Халиско“.

И покрај ова, мексиканската влада тврди дека стапката на убиства во земјата во 2025 година била најниска од 2016 година, со 17,5 убиства на 100.000 жители. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека овие бројки можеби не го одразуваат целосно вистинското ниво на насилство во земјата.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4