Connect with us

Тенис

Мусети стигна до своето прво четвртфинале на Австралија опен и ќе се соочи со Ѓоковиќ

Петтиот светски рекет, Лоренцо Мусети, ноќеска го победи Тејлор Фриц во четвртото коло на Австралија опен. Натпреварот заврши со резултат 6:2, 7:5 и 6:4.

Ова е четвртото учество на Италијанецот во четвртфиналето на Грен слем, а негово прво на Австралија опен.

Тој, исто така, ја обезбеди својата 15. победа над играч од Топ 10. Неговиот биланс против играчи од Топ 10 сега е 15:34. Оваа победа над Фриц е само негова втора на Грен слем турнирите против играчи од најдобрата десетка.

Мусети во четвртфиналето ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ, од кого губи со 1:9 во нивните меѓусебни натпревари.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2