Фудбал
Гасперини по ремито со Милан: Доколку Рома изгубеше, тоа ќе беше тежок удар за нас
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, призна дека ако неговиот тим загубеше од Милан во 22. коло од италијанското фудбалско првенство ќе беше болен удар, но исходот од натпреварот му даде самодоверба на неговиот тим.
Натпреварот се одигра синоќа во Рим и заврши нерешено 1:1.
– Кога Милан е во водство, тие стануваат многу опасни во контранападот, особено со свежи сили како Пулишиќ и Филкруг. Сепак, ние успеавме да возвратиме на нивниот гол. Доколку го загубевме овој натпревар, тоа ќе беше навистина тежок удар за нас. Се соочивме со тим на второто место во Серија А, и по овој натпревар се чувствуваме посилни, го цитира Гасперини „Фудбал Италија“.
Тренерот, исто така, ја пофали одбраната на својот тим.
– Мојата одбрана оваа сезона е неверојатна, а фактот што му дозволивме на Милан толку малку денес е благодарение на нашиот труд и решителност, додаде тој.
Милан е втор на табелата во Серија А со 47 бода. Рома е едно место подолу од нив со 43 бода. Прв е Интер со 52 бода.
јануари 26, 2026

