Connect with us

Свет

Фидан со пријателски совет до Трамп: Не правете го Иран нова Венецуела

 Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има единствена способност да изврши притисок врз Израел и да го запре конфликтот во Појасот Газа.

Фидан нагласи дека Трамп може да дејствува независно од влијанието на различните лобија, што му дава слобода да презема конкретни потези.

Исто така, тој истакна дека Израел постојано ги крши договорите за прекин на огнот, но верува дека ситуацијата би можела да се промени со доаѓањето на новата администрација во Белата куќа.

„Веруваме дека претседателот Трамп е единствената личност што навистина може да изврши притисок врз Израел. Тој е независен од целите на различните лобија, може да размислува и да дејствува независно. Ако сака, има капацитет да го спречи погрешното однесување на Израел“, рече шефот на турската дипломатија.

Зборувајќи за потенцијалната американска интервенција во Иран, Фидан им даде директен совет на „американските пријатели“ да не ги повторуваат грешките од минатото.

„Би им советувал на моите американски пријатели: Не правете го тоа. Не правете го Иран нова Венецуела“, рече Фидан.

Тој посочи дека Техеран е отворен за преговори, но дека мора да се најде начин што ќе им овозможи да „го спасат образот“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4