Connect with us

Фудбал

Артета: Кога губите, тогаш треба да покажете единство и кохезија

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, побара од својот тим да остане смирен и покрај поразот од Манчестер јунајтед во 23. коло од англиската Премиер лига.

Арсенал вчеравечер на домашен терен загуби со 3:2 и му дозволи на Манчестер сити да му се доближи на врвот на табелата.

– Честитки до Манчестер јунајтед за победата. Иако се случи на многу чуден начин. Доминиравме во првите 30 минути, постигнавме гол, а потоа му дозволивме на противникот да изедначи и тоа го промени текот на играта. После тоа, го намаливме интензитетот на игра. Кога резултатот беше 2:2, почувствувавме дека играта сè уште трае, но примивме гол па беше многу болно за нас. Мора да научиме од овој пораз. Поразите се дел од патувањето, тие треба да се прифатат и да се учи од нив. Кога губите, тогаш треба да покажете кохезија и единство, изјави Артета по мечот.

Арсенал е прв во Премиер лигата со 50, бода, Манчестер сити и Астон вила имаат по 46, Манчестер јунајтед е четврти со 38.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4