Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија на проблеми, Венко е добар за ВМРО-ДПМНЕ, но штетен за Македонија

Наместо да глумат жртви како еден лик што со лажна понизност ставаше рака на срце според рецепт од пазарите од Горни Милановац за намамување купувачи, нека се запрашаат… и да наброиме афери. На Богданка и на Венко не им сметаше Артан Груби, ниту мафијата од Грчец, ниту клановите во здравството и енергетиката и градежништвото, кои ја уништија државата, не им сметаа ниту фабриките за марихуана, ниту плантажите во Африка за овошје на кланот Дубаи, ниту кулите во Дубаи, сè тоа е супер. Ама им смета кога некој ќе говори за тоа гласно и ќе ја прозива нивната дволичност, како и лицемерството, крадењето и матните зделки, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално.

Кланот Дубаи е најмафијашката организација, која е метастазирана во целиот систем и наша одговорност како граѓани на оваа земја, кои ѝ мислат добро на државата и сакаат да воведат ред и систем, е да се справиме со овој мафијашки клан со пипалча во судството, Обвинителството, партиите, одредени фирми, па и на улиците во градовите и уличните банди. Таа бандитска мрежа постепено ќе ја демонтираме и сè ќе биде на очиглед на јавноста, транспарентно.

А овие кукања на СДС Дубаи се само одраз на страв и паника.

Сигурно им стигнале и новите анкети, според кои тие имаат историски 100 илјади гласа и се на пат да станат четврта партија во државата. И сега мислат дека со заострување на реториката и со навреди и глупави необмислени соопштенија ќе променат нешто. Не се менува со зборови, туку со дела. И битно е кој ги кажува тие зборови. Затоа што вашите зборови им се јасни на сите дури и кога лажете. Затоа што сте ги прелажале луѓето 100 пати и нема да ви дозволат повторно.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2